„Прво, сите сојузници се согласуваат Украина да стане членка на НАТО. Сите се согласуваат дека Украина има право да си го избере својот пат и дека за тоа не одлучува Москва, туку Киев. Второ, сите сојузници велат дека вратите на НАТО се отворени, но не можат точно да кажат кога Украина ќе стане членка на Алијансата“, изјави Столтенберг за Вашингтон тајмс.
Тој додаде дека НАТО во моментов работи со Киев за да помогне во преминот од опремата и доктрината од советската ера кон доктрината и стандардите на НАТО.
„Работиме на тоа да ги направиме вооружените сили на Украина интероперативни со силите на НАТО и да им помогнеме да ги реформираат и да ги модернизираат своите одбранбени и безбедносни институции“, рече Столтенберг.