Овој случај станува уште пофрапантен кога ќе се земе вкупната цена на тендерот од 2023 година, кој е 14,7 милиони денари и вредноста на тендерот од 2024 година кој е 208 милиони денари.
Логички се поставува прашањето каде завршиле над 90 милиони денари, т.е. над 1,5 милиони евра? Дали ова се пари со кои треба да се финансира СДС од опозиција? СДС да каже каде е разликата од над 90 милиони?
Доволно е ЈО да ги спореди двата договори и веднаш да има истрага и апсење.
Очекуваме ЈО да не спие и да почне со работа. Во спротивно и тие стануваат соучесници во овој криминал, за кој во целост ќе има одговорност“, изјави Стојаноски.