среда, 23 октомври 2024
Опозицијата обвинува за владино-судски врски

Стоилковски: Груби ја вработил снаата на обвинителот Абази кај себе, па ја префрлил во АЕК

Објавено на

часот

Сподели

На прес конференцијата, Стоиллковски покажа документ 4 април 2022 година за кој тврди дека е  одлука потпишана од вицепремиерот Артан Груби, за вработување, на, како што рече, е името на снаата на шефот на Обвинителството за борба против корупцијатс (ОЈО ГОКК) Ислам Абази, Шпреса Абази.

Од тука, Шпреса Абази експресно преминува во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде што е вработена како советник за одговор на компјутерски инциденти. Ова се јавни податоци, објавени на страницата на АЕК. Директор на АЕК е Јетон Акику, познат и како зет на Невзат Бејта, човекот со кого Абази, како што вели, има случајни фотографии, исто како што има фотографии со фамилијата на Али  Ахмети. За потсетување, сопругата на Ислам Абази, од 23 мај годинава е нов обвинител на ОЈО Кичево. Па, почитувани има ли сѐ уште некој што верува дека Ислам Абази ќе покрене, иницира истраги за скандалите, аферите, богатењето, самоволието на Артан Груби, на семејството Ахмети коешто без денар стана сопственик на 40 отсто од милионската зделка „Соравија“, за Рамиз Мерко којшто со 30 кривични пријави заврши на црната листа? Ислам Абази е нем пред фактите за криминал, па дури и ја прекина комуникацијата со ДКСК. Потсетуваме дека за изборот на Абази, којшто од непознат обвинител со тајно гласање беше избран за шеф на ЈО за организиран криминал и корупција, реагираше и меѓународната заедница. Оттука, секому му е јасно дека зад декларативните изјави на Артан Груби и на Али Ахмети за барање „сеопфатна истрага“ за ДУИ стои сигурност дека ништо нема да биде преземено“, рече Стоилковски.

Според Стоилковски, секој ден има нов коруптивен скандал, секој ден испливува нов криминал поврзан со владата и владеењето на ДУИ.

„Македонија тоне во криминал и корупција, а институциите се однесуваат како партиски штабови на ДУИ, додека СДС ги поддржува само и само за ден повеќе на власт. Само избори се спасот“, рече Стоилковски на денешната прес конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ