На средбата, како што соопшти Кабинетот на Стоилковиќ, биле испратени пораки за продлабочување на соработката меѓу двете земји и положбата на српскиот народ во земјава, како и на македонскиот народ во Србија.
„Инсистирав на оваа средба затоа што ова, но и фактот дека имаме Србин во Владата на РСМ, за нас не е само прашање на симболика, туку суштинско. Добивме уверување дека коридор 10 е определба на оваа Влада, а зборувавме и за максимално поедноставување на процедурите на границите. Што се однесува до нас, ние сме максимално подготвени да го направиме ова. Многу е важно и Македонија да биде дел од Експо и мило ми е што токму заменик-претседателот и министер Стоилковиќ ќе го води тој проект“, истакнал на средбата српскиот премиер Вучевиќ и упатил апел до српската заедница во земјава во сите различности кои, како што рекол, ги имаaт двата народа, да го зачуваат националниот идентитет.
Српскиот премиер нагласил дека истото сака да им го порача и на Македонците кои живеат во Србија.
„Денешната посета на премиерот Вучевиќ е круна на неодамнешната подготовителна посета на Белград и сето она што го сработевме во претходниот период“, истакнал заменик-претседателот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ.