петок, 25 октомври 2024

Сто припадници на АРМ заминуваат во хуманитарна операција во Словенија

Објавено на

часот

Сподели

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.

„Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи“, се наведува во соопштението од Владата.

Претходно, министерката за одбрана Славјанка Петровска најавувајќи ја владината одлука, рече дека станува збор за сто војници од различен состав, кои, како што појасни ќе заминат денеска наутро. 

Во врска со тоа дали се размислува за некој вид материјална помош, министерската вели дека ова е се што досега е побарано.

„Побарани се и други технички средства, материјална техничка поддршка, за која што ние не сме во можност да одговориме, меѓутоа се разбира и во иднина ако се испратат барања на кои ќе можеме да одговориме ќе одговориме“, додава Петровска.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера изјави дека штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра.  

Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците. Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите завчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ