петок, 18 октомври 2024

Ставревски: Пензиите нема да се намалат

Објавено на

часот

Сподели


Ова денеска го истакна Зоран Ставревски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во одговор на прашање по доделувањето решенија во рамки на проектот Е-регистрација во Централен регистар на Македонија.

„За разлика од тоа што се случува во другите земји, ние ќе настојуваме тогаш кога кризата ќе се смири, а тоа очекуваме да се случи до крајот на 2012 година, да донесеме одлуки за етапно зголемување на пензиите, онака како што е ветено во Програмата на Владата“, рече Ставрески.

Во врска со бројот на блокирани сметки на фирмите во Македонија, тој истакна дека наскоро ќе се донесе системско решение со кое ќе се направи класификација со која ќе се елиминираат фирмите кои со години стојат неактивни и не поднесуваат извештаи иако се должни според законот“.

„Голем дел од фирмите кои  се со блокирани сметки практично се и неактивни. Ќе се спроведат мерки во однос на фирмите кои со години стојат неактивни и немаат вработени, дури некои и не поднесуваат редовни извештаи. Ќе ги поделиме фирмите дали се активни или не и дали поднесуваат извештаи. Ќе бидат принудени според законот да поднесат извештаи, а доколку не го направат тоа ќе бидати збришани од регистерот“, истакна Ставрески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ