четврток, 28 ноември 2024

Стано: ЕУ бара одложување на забраната за динарот на Косово

Европската Унија бара од Косово да ја одложи забраната за користење на динарот и да се најде решение во рамките на дијалогот, изјави денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Загрижува како уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) ќе влијае на мнозинските српски заедници, особено на училиштата и болниците за кои сега не изгледа остварлив ниту еден алтернативен процес. Оваа уредба ќе има директно влијание и врз секојдневниот живот на огромното мнозинство косовски Срби кои добиваат исплати или финансиска помош од Србија во динари“, рече Стано.

Стано изјави дека поради потенцијалните последици што може да ги има регулативата на ЦБК, која предвидува единствена валута за плаќање во Косово да биде еврото, врз нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија, ЕУ очекува дека сите аспекти поврзани со Србите кои живеат на Косово ќе бидат разгледани во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ.

„Повикуваме на доволно долг транзициски период што ќе овозможи изнаоѓање решение преку преговори за тоа прашање“, рече Стано на прес-конференцијата по средбата на министрите за европски прашања на Европската Унија.

Земјите од „големата петорка“ – САД, Германија, Франција, Италија и Велика Британија, побараа во неделата да ја прекинат примената на одредбите од правилникот на ЦБК, со кој се утврдува дека еврото е единствената валута за готовинско плаќање во Косово.

Претставниците на таа група истакнаа дека одредбата, која беше најавено дека ќе стапи во сила од четврток, на 1 февруари, предизвикува загриженост поради влијанието врз областите со српско мнозинство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ