недела, 27 октомври 2024

Српски адвокат: Телото на малата Данка Илиќ никогаш нема да биде најдено

Српскиот адвокат Боривоје Боровиќ изјави денес дека телото на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор, која исчезна на 26 март, никогаш нема да биде најдено.

Фото: Интерпол

Објавено на

часот

Сподели

Боровиќ за агенцијата Бета кажа дека под притисок на политичката власт полицијата истрагата ја сработила „невешто и непрофесионално“.

„Овој случај полицијата го упропасти бидејќи јавно ја водеше истрагата, објавувајќи ги дури и изјавите кои обвинетите ги давале на сослушувањето. Погрешно е што и на јавноста и на обвинетите им е соопштено дека за тоа кривично дело е предвидена доживотна казна затвор. Потоа во полициската станица почина еден од осомничените, веројатно под тортура. Сега секој обвинет, кој преживеал, може да каже дека под полициска тортура му е изнудена изјавата“, кажа адвокатот.

Според него, ако се докаже дека Далибор Драгојевиќ починал поради полициска тортура, изјавите на останатите обвинети кои го признале злочинот не можат да бидат доказ.

„Ако нема ни траги на ДНК од возилото, тоа ќе значи дека политичарите ги контаминирале сите докази, бидејќи избрзано сакале да соопштат дека е решен тој случај. Полицијата поприлично се посрами што ни по два месеци не го најде телото. Очигледно е дека не презеле на време криминалистички и форензички дејства, туку зависеле од полиграфот, што е небитно за обвинителската истрага“, кажа Боровиќ.

Истакна дека телото на девојчето нема да биде најдено.

„Телото на Данка Илиќ нема да биде најдено и истрагата ќе мора да сопре, а оваа трагедија ќе биде претворена во фарса“, процени тој.

Малата Данка Илиќ исчезна на 26 март од семејниот двор во населбата Бањско поле крај Бор. Дека девојчето е убиено на јавноста ѝ соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ на 4 април. Поради сомнеж дека малата Данка прво ја удриле со службениот автомобил, а потоа ја ставиле во возилото и ја убиле, уапсени се Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50), вработени во јавното претпријатие Водовод во Бор.

Тие се обвинетите и дека телото на девојчето го фрлиле на депонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ