четврток, 24 октомври 2024

Средба на Трамп и Џонсон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон вчера се сретна со поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Милвоки.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл објави фотографија од средбата со Џонсон. „Убава средба со поранешниот премиер Борис Џонсон, многу добар човек!“, објави Трамп.

Џонсон зборуваше за средбата со Трамп на Икс.

„Убаво е да се сретнеш со претседателот Трамп, кој е во врвна форма по срамниот атентат врз него. Разговаравме за Украина и не се сомневам дека тој ќе биде силен и решителен да ја поддржи таа земја и да ја брани демократијата“, објави поранешниот премиер на Велика Британија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ