среда, 23 октомври 2024

Средба на министерот Андоновски со ММА: Телевизиите се во подредена ситуација

Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се последните земји во Европа каде поголемиот дел од кабелските оператори ги преземаат телевизиските програми и им ги продаваат на гледачите, без притоа на телевизиите да им исплатат одреден надоместок, се пожалија претставниците на Асоцијацијата на национални терестријални ТВ станици, ММА на ресорниот министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. На средбата се разговарало за состојбите и предизвиците во медиумската сфера.

Објавено на

часот

Сподели

„Како најголеми и највлијателни медиумски куќи во Македонија, му ја предочивме на министерот состојбата на медиумскиот пазар кој се соочува со огромни предизвици, но и непочитување на последните измени на Законот за АВМУ, член 141 и 141-а, со што националните ТВ станици се доведуваат во нерамноправна и подредена ситуација. Преку пластични примери го запознавме министерот Андоновски и за проблемот на галопирачката ТВ  пиратерија на нашите, но и странските ТВ програми како и за недоволно прецизирана медиумска регулатива полна со легални нелогичности“, се вели во соопштението од ММА по средбата со министерот Андоновски.

„Ја известуваме јавноста дека доколку и овој кабинет на нашето ресорно министерство, како што беше случај и со претходните, во разумен правен рок не ни ги обезбеди елементарните услови за работа на нашите медиумски компании, ние ќе бидеме принудени да преземеме соодветни чекори“, наведуваат од  Асоцијацијата на национални терестријални ТВ станици. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ