„Раководителот на СИГМА, Тунјан истакна дека во тек е спроведување на оценската мисија од страна на СИГМА, која спроведува редовни оценски мисии за прогресот на спроведување на реформите во јавната администрација во земјите – кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Европската унија“, соопшти кабинетот на министерот за јавна администрација.
Истовремено, како што е наведено во соопштението, министерот Минчев бил информиран за процесот на оценските мисии кои се спроведуваат во согласност со дефинирана методолошка рамка која е еднаква за сите земји. Врз основа на наодите од овие оценски мисии, Европската Комисија го оценува напредокот и подготвеноста на јавната администрација да ги спроведува политиките на ЕУ.
Министерот Минчев посочил дека Министерството како координатор на процесот на реформата на јавната администрација ќе продолжи да дава целосна поддршка на спроведувањето на мисија на СИГМА во нашата земја, информирал за тековните активности на новото Министерство и донесување на потребната законска регулатива утврдена во Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 -2030) согласно акцискиот план (2023-2026).