петок, 18 октомври 2024

Сребрениот турски „пиштолџија“ стана најголем хит на Олимписките игри

Турскиот стрелец со пиштол, Јусуф Дикец, не престанува да ги разбранува социјалните мрежи, ретко кој знае кој го освои златото во неговата дисциплина на Олимписките игри, но сите го знаат Турчинот кој донесе сребро на својата земја.

Објавено на

часот

Сподели

Лежерниот стил на пукање со раката во џеб и минимум опрема на себе го направи Јусуф Дикец најзборуваниот Олимпиец во досегашниот дел од Олимписките игри.

Јусуф Дикец и Севал Илајда Тархан во вторникот го освоија сребрениот медал во мешано екипно гаѓање со воздушен пиштол 10 метри. Тоа беше прв медал за Турција во олимписко стрелање. Во финалето загубија од Србите Дамир Микец и Зорана Аруновиќ.

51-годишниот Дикец не е непознаница во својот спорт, тој е еден од најдобрите, бил светски и европски шампион во неколку дисциплини во стрелање, во својата кариера освоил многу медали, но сега го „раздрма“ светот како никој стрелец претходно.

„Не ми треба посебна опрема, јас сум природен, природен стрелец“, рече Дикец откако стана интернет сензација.

Оваа негова изјава ја рефлектира самодовербата која ја има и неговите исклучителни вештини. Неговите перформанси и стил ќе бидат едни од највпечатливите настани на овие Олимписки игри.

Социјалните мрежи се преплавени со креативни дела во чест на Јусуф Дикец, а тој е споделуван и од официјални профили на „Џон Вик“, „Хитмен“…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ