вторник, 22 октомври 2024

Србите се заканија, ќе го напуштат ЕП ако УЕФА не ги казни Албанија и Хрватска

Натпреварот меѓу Албанија и Хрватска кој заврши 2-2 изобилуваше со националистички скандирања, заедничка мета на Албанците и Хрватите беа Србите.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на мечот можеа да се слушнат скандирања од типот: „Убиј, убиј, убиј го Србинот“.

Националистичкото скандирање потикна очекувана реакција од Фудбалскиот сојус на Србија (ФСС) кој дури се закани и со напуштање на Европското првенство доколку УЕФА не ги казни Албанија и Хрватска.

„Фудбалскиот сојуз на Србија бара најостри мерки, па и по цена да не го продолжиме натпреварувањето. Ова е скандалозно и не сакаме да се повторува. „Сакаме жестоко да бидат казнети навивачите кои испраќаа неприфатливи пораки. Ќе испратиме апел до УЕФА за случувањата во натпреварот. Тоа што се случуваше нема никаква врска со фудбалот. Не сакаме да го политизираме првенството“, изјави генералниот секретар на ФСС, Јован Шурабатовиќ.

Албанија и Хрватска веќе добија парични казни за однесувањето на нивните навивачи во првото коло од Европското првенство. А казна имаат и Србите.

„Ние бевме казнети, но тоа се поединечни ситуации. Ние бевме казнети поради поединци кои испраќаа расистички навреди. Тоа ние не сме. Не сакаме да се препишува на нашите навивачи. Апелирам против Словенија и Данска да нема такви работи на трибините“, додаде Јован Шурабатовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ