вторник, 22 октомври 2024
Презентиран извештајот на Манивол

Спречувањето на перење пари овозможува добивање меѓународни кредити за државата

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов посочи дека во извештајот се оценети резултатите на полето на борбата против перење пари и финансирањето на тероризам што се постигнати во изминатите шест години.

Во извештајот, како што кажа, се препорачува државата да продолжи да ги имплементира меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање на тероризмот и со тоа да ја заземе и задржи оценката како најквалитетно поставен систем во регионот.  

„Една од главните придобивки за граѓаните од извештајот ќе биде и коресподентскиот однос на сите финансиски институции, добивањето поволни услови за кредити од меѓународно значење и се значајни за државата што е овозможено со брзата интеграција во евроатланските интеграции“, рече Трендафилов во поздравниот говор.

Во извештајот, како што кажа министерот за финансии Фатмир Бесими, што беше усвоен на 65-от Пленарен состанок на Комитетот што се одржа на 24 мај годинава, Мoneyval укажува  на позитивните наоди и напредокот што го прави земјава во однос на прописите и правилата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам.

„Управата за финансиско разузнавање ќе има целосна поддршка  од страна на Министерството за финансии, но и од целата Влада и сите државни органи за реализација на сите потребни активности за успешно справување со спречувањето на перење на пари и финансирање на тероризмот и сите други поврзани активности што влијаат негативно врз нашето општество“, рече Бесими во поздравниот говор.

Тој посочи дека да се биде член на Комитетот на Манивол значи и обврска да се следат измените во меѓународното законодавство поврзани со спречување на перење на пари и финансирање на тероризам и нивно спроведување во домашното законодавство.

„Доказ за тоа кај нас се континуираните измени на регулативата од оваа област кои се еден од приоритетите на Владата. Обврска да се креираат мерки соодветни за новите трендови и психологии за перење пари и финансирање на тероризам, обврска за воспоставување на ефективни механизми за национална  и меѓународна соработка помеѓу надлежните домашни и странски органи со цел да се спречи перењето пари и финансирањето на тероризмот како криминални појави кои ја поткопуваат стабилноста на финансискиот систем“, рече Бесими.

Порача дека континуирано се надградуваат нашите закони и легислатива и се развива системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот преку имплементација на меѓународни  стандарди и преземање на голем број на иницијативи за нивно побрзо и ефикасно спроведување како стратешка цел.

Евалуацијата на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се спроведува од 47 земји-членки на Манувол. Манивол Комитетот има задача да ја процени усогласеноста  на земјите-членки со меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот и ефективноста на нивното спроведување, како и да дава препораки до националните власти во однос на неопходните подобрувања на нивните системи. Земјава е член на Комитетот од 1998 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ