Според теренските и телефонските анкети за ноември, при очекувана излезност од 900 илјади избирачи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на претстојните парламентарни избори би освоила 51 до 54 пратенички мандати. Проекцијата е дека актуелната коалиција предводена од СДСМ би освоила меѓу 26 и 29 пратенички места. СДСМ во коалиција со ДУИ, Алијанса за Албанците и со ДПА би освоиле 41 до 43 мандати.
Според овие анкети, партиите Левица и ЗНАМ заедно би освоиле 12 пратенички мандати.
Алијанса за Албанците, доколу би одела сама на изборите, би освоила 3 мандати. Коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократско движење би освоила 10 мандати. Тоа значи дека ДУИ, доколку настапи сама, би освоила најмногу 14 мандати.
Денеска и Институтот за политички истражувања, која спроведе анкета по барање на ТВ Канал 5, соопшти дека ако праламентарните избори се одржат следната недела на гласање би излегле 46,4 проценти од гласачите. Анкетата покажува двојно поголема предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, а според испитаниците политичар со најголема доверба е Христијан Мицкоски.
Поголема излезност од проектираната ѝ одговара на македонската опозиција, но не и на албанската опозиција, брифираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатите од анкетата детално ни ги пренесува Владимир Божиновски. Со него разговара Јован Ѓорговски.