среда, 11 декември 2024

Мојсоски: Тие што бараат смена на раководството на ЛДП имаат лични интереси од тоа

Барањето за смена на раководството на ЛДП е од поединци кои имаат лични интереси од сето тоа, вели генералниот секретар на ЛДП, Боби Мојсоски откако денеска анонимни членови на ЛДП преку соопштение побара смена на раководството на партијата поради, како што рекоа, нивната непринципиелна политика.

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на ЛДП, Боби Мојсоски вели дека го виделе соопштението во кое се бара смена на раководството и дека секој има право да искаже мислење во рамки на органите на партијата.

„Согласно соопштението очигледно станува збор за поединци кои го прават сето ова од нивни лични причини и интереси. Партијата ќе одржи наскоро Централен одбор на кој покрај плановите за активности ќе се разговара и за други прашања“, вели Мојсоски.

Што се однесува до евентуалната коалицијата на ЛДП со ВМРО-ДПМНЕ, Мојсоски вели дека сѐ уште е рано да се зборува за локалните избори.

„Во моментот ЛДП е фокусирана на работа со општинските одбори, со детектирање локални проблеми со цел изработка на план и програма. А за тоа како би настапила на изборите сѐ уште има време и тоа се одлуки кои ги носат Извршниот и Централниот одбор на партијата“, вели Мојсоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ