За овие тврдења на Меџити, репортерите на ТВ21 го прашаа Османи, но тој не сакаше да одговори со образложение дека е поканет на Универзитетот во Тетово како министер за надворешни работи. „Тоа се партиски ставови, овде сум како министер за надворешни работи“, рече Османи.
Фари Хисени од коалицијата Вреди, на прашањето на што алудираше првиот човек на ДД кога рече дека Груби работи против Османи, рече дека двајцата функционери интегративци ги обединува интересот, но не и маката на народот.
„Сè додека нема искреност и ги обединува заеднички интерес, веројатно во таа насока алудирал и претседателот на партијата. Имаат личен интерес, не се грижат за граѓаните, а сè додека работат за лични интереси, претпоставувам дека тоа било и идеја на претседателот“, вели Хисени.
Во последно време меѓу Груби и Меџити имаше меѓусебни обвинувања. Преку видео објавено на Фејсбук, Артан Груби го нарече Изет Меџити Африканец, додека Биљал Касами, Русин.
Инаку, според она што неодамна беше забележано, кандидатот на ДУИ за претседател Бујар Османи, самиот се ангажира за скромна кампања во пресрет на претседателските избори. Неодамна објави видео од посетата на постар човек со кој делеше ифтар, но и видео како се качува на планината на Водно. Османи има отворено и подкаст кој самиот го води и каде кани различни ликови.