Именуваните како потврдени прекршители на правото и демократските принципи во Македонија се заштитени од криминализираните СДС и ДУИ и нивните правосудни инсталации.
Во целиот демократски свет е така и тоа мора да го разберат оние кои со закон се задолжени за санкционирање на криминалот, во спротивно стануваат нивни соучесници.
Кандидатурата за претседател на државата на Стевчо Јакимовски е целосно искомпромитирана, со што тој е недостоен за функцијата која сака да ја врши.
Воедно и во неговиот случај, како и за струшкиот градоначалник Мерко, подеднакво е оправдано очекувањето за повлекување од функцијата градоначалник на Општина Карпош. Само на тој начин се покажува совестноста и етичноста, но и човечкото достоинство“, се вели во соопштението на Социјалистичката партија на Македонија.