сабота, 19 октомври 2024

СПЦ ќе поднесе жалба за депортацијата на српскиот игумен од Косово

Рашко-призренската епархија на Српската православна црква ќе поднесе жалба на одлуката на властите Косово за депортација на игуменот на манастирот Девина вода кај Звечани, отец Фотиј кој е македонски државјанин.

Објавено на

часот

Сподели

Според правниот тим на Рашко-призренската епархија се работи за самоволна забрана за престој на игумен Фотиј бидејќи нема обвинение или кривична одговорност, пренесуваат српските медиуми.

При депортацијата припадниците на косовската полиција одбиле да им дадат објаснување на претставниците на ЕУЛЕКС и на ОБСЕ, кои биле сведоци на протерувањето на свештеникот.

„Во согласност со својот обемен надзорен мандат, ЕУЛЕКС внимателно ги следи избраните институции за владеење на правото во Косово и нивната усогласеност со законските, процедуралните и обврските за човекови права. ЕУЛЕКС темелно и решително го следи случајот. За дополнителни информации ве молиме контактирајте ги косовските власти“, се наведува во одговорот на ЕУЛЕКС од Косово онлајн.

Законите на Косово забрануваат „произволна забрана за влез во Косово или престој во Косово за свештеници, кандидати за свештенство, монасите, монахињите и посетителите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ