Туристите се евакуираат со специјални возила, а засега патот сè уште останува непрооен поради големата снежна покривка.
Скицентарот Кожуф обезбеди евакуација со ратраци за сите туристи што се затекнати таму.
Според ЦУК, поради густата магла во утринските часови имаше прекин на работата, но сега екипите и возилата се на терен и продолжуваат да го расчистуваат патот.
Се очекува до крајот на денот да бидат пренесени сите туристи.