вторник, 22 октомври 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Созревањето како една од целите на психотерапијата

Фредерик (Фриц) Перлс, еден од основачите на Гешталт-терапијата, созревањето го опишува како континуиран процес на надминување на потребата за надворешна поддршка и развивање самоподдршка, која резултира со намалување на зависноста од околината.

Премин од надворешна поддршка и развивање на самоподдршка

Нероденото бебе е зависно од мајката во секоја смисла, а веќе веднаш по раѓањето мора само да си обезбедува кислород. Наскоро мора да учествува во својата исхрана преку цицање и да ја одржува својата телесна температура. Како минува времето, малото дете сѐ повеќе развива самоподдршка – учи да комуницира, да лази и да оди, да гризе и да џвака, да прифаќа и да одбива. Развојот продолжува, а детето сѐ повеќе го употребува својот потенцијал за опстанок.

Фрустрацијата и нејзиното влијание на личниот раст и развој

За да го мобилизира својот потенцијал и да си обезбеди адекватно созревање, детето мора да надмине многу фрустрации. Кај здраво дете овие фрустрации ќе ги покренат неговите вродени ресурси. Кога фрустрациите се преголеми за детето да може да се бори со нив или кога детето е лишено од можноста „да направи за себе“, тоа ќе развие психопатологија. Ќе почне да манипулира со средината со посредство на фолирантско однесување (проектирање лажна слика за себе, играње на улоги – глумење дека е она што не е) за да осигури дека неподносливите фрустрации нема да се појават повторно. Ќе формира специфичен карактер и ќе „напише сценарио“ што му гарантира преживување.

Најтешки фрустрации се јавуваат тогаш кога барањата од околината што му се упатени на детето го надминуваат неговиот развоен стадиум, а детето нема капацитети и ресурси да им удоволи на тие барања. На пример, кога возрасните во комуникација со детето употребуваат сложени реченични структури, неприспособени на неговата возраст. Тогаш детето може да развие чувство за себе дека е глупаво и неговото „сценарио“ да бара константно надоместување на овој „недостаток“ по пат на сезнаење.

Неразумни барања од околината и неурамнотеженост

Основен принцип на сите попречувања на личниот раст и развој е барањето од околината личноста да биде нешто што не е, да оствари некој идеал наместо да се оствари себеси. На тој начин личноста станува неурамнотежена. Дел од нејзиниот потенцијал е отуѓен, потиснат, проектиран. Фолирантско однесување, самоподдршка што бара напор наместо да доаѓа спонтано, и исцрпување без задоволување доаѓаат на местото на отуѓениот потенцијал.

Психотерапија, самоподдршка и созревање

Психотерапевтот внимателно го слуша и следи клиентот и на тој начин го поддржува да ги следи своите чувства, тек на мисли и да зборува за она што нему му е важно. Психотерапијата е процес во текот на кој клиентот е во прилика да ја почувствува и препознае поддршката што ја добива од психотерапевтот. Истовремено е во позиција учејќи по модел, да учи и вежба како да си помогне себеси.

Кристина Пота Радуловиќ

психотерапевт, клинички психолог и гешталт-терапевт

Фото: Ансплеш

КОЛУМНИ

Филип Клетников

Војна против поединецот! Или: Што не научивме од Макс Штирнер

Миле Ѓорѓијоски

Драг мој земјаче Фатмир Дехари!

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ