петок, 18 октомври 2024

Советот на општина Центар донесе одлука за целосна забрана за градење надвор од ГУП на Водно

Објавено на

часот

Сподели

Законот за урбанистичко планирање предвидува изработување на урбанистички проект вон опфат на урбанистички планови на земјоделско, шумско и друго земјиште, крајбрежни појаси и други простори за коишто не постојат услови и/или економска оправданост за донесување на урбанистички план согласно овој закон, а постои соодветен или некатегоризиран сообраќаен пристап, во кој случај урбанистичкиот проект се изработува врз основа на прибавени услови за планирање на просторот, нема да важи за планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината, велат од општина Центар.

„Единствен дел од административната територија на општина Центар кој не влегува во опфатот на Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје за 2012-2022 година, претставува планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината и затоа со денешната одлука сакаме да ставиме крај на градбите на планината. Мојата заложба како градоначалник е да се стопира секое градење во зелениот појас, тоа го ветив пред граѓаните и тоа ќе го исполнам заедно со општинската администрација. Ниту една зелена педа на Водно нема да биде уништена“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Советот на Општина Центар преку одлуката за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, како што е наведено во соопштението, го заштитува Водно од секаква понатамошна експлоатација и злоупотреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ