четврток, 31 октомври 2024

Советот на ЕУ усвои регулатива за намалување на уништувањето на шумите

Објавено на

часот

Сподели

ЕУ е голем потрошувач и трговец на стоки и производи што играат значајна улога во уништувањето на шумите, а целта на новите правила е да се осигури дека потрошувачката и трговијата со овие стоки и производи во ЕУ не придонесуваат за уништување на шумите и понатамошна деградација на шумските екосистеми.

Регулативата поставува задолжителни правила за анализа за сите увозници и трговци што пласираат, продаваат или извезуваат палмино масло, дрво, кафе, какао, каучук, соја и црвено месо од пазарот на ЕУ.

Правилата важат и за производи како чоколада, мебел, печатена хартија и одредени деривати на база на палмино масло, кое се користи како компонента во производите за лична нега.

Од трговците ќе се бара да ја следат стоката што ја продаваат до местото каде што се произведени.

Регулативата го одредува крајниот рок за новите правила до 31 декември 2020 година, што значи дека само производите произведени на земјиште што не било подложено на уништување или деградација на шумите по 31 декември 2020 година ќе бидат дозволени на пазарот на ЕУ или извезени од ЕУ.

Регулативата создава систем кој доделува ниво на ризик поврзан со уништувањето на шумите и деградацијата на шумите (ниско, стандардно или високо) на земјите во и надвор од ЕУ.

Новите правила, исто така, ја земаат предвид заштитата на човековите права поврзани со уништувањето на шумите и додаваат референца на принципот на слободна, претходна и информирана согласност на домородните народи што живеат на шумската територија.

Паричните казни ќе бидат пропорционални на штетата за животната средина и вредноста на релевантните стоки или производи за кои станува збор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ