вторник, 22 октомври 2024

Советникот за одбрана Василевски положи цвеќе на споменикот на загинатите кај Карпалак

Објавено на

часот

Сподели

Свежо цвеќе беше положено и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот Св. Петка.

Со пригодни државни почести денеска се одбележуваат 22 години од нападот на конвојот на армиските сили на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак на 8 август 2001 годинам соопшти Владата.

к
Кај месноста Карпалак во 2001 година, во оружен конфликт загинаа десетте припадници на резервниот состав на Армијата: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ