недела, 20 октомври 2024

Советник на Курти: ЕУ бара да се поништат мандатите на новоизбраните градоначалници на северот

Објавено на

часот

Сподели

„Идејата е да се поништат мандатите без положување заклетва. Такви барања не можат да се поставуваат“, кажа Зулфај за косовските медиуми и потсети дека веќе постојат избрани градоначалници со законски мандат.

„Имаме градоначалници избрани во правна постапка, и го осудуваме намерниот бојкот на Српска листа, што е евидентно погрешно. Но нивниот бојкот е погрешна одлука која не можеме да ја толерираме. Имаат секакви идеи и желби кои не можеме да ги коментираме бидејќи не се желба на премиерот, туку процес за кој одлучуваат различни институции на Косово“, кажа тој.

Зулфај кажа дека владата во Приштина не планира да формира уште еден тим за изработка на нацрт статус на Заедницата на српски општини.

Како премиерот Аљбин Курти, Зулфај за нацртот на СЗО претставен во Брисел кажа дека е „скандалозен и целосно неприфатлив за Косово“.

Најави дека на следниот состанок приштинската страна ќе изнесе свои идеи.

„Кога ќе разговараме следен пат, ќе имаме свои идеи. Ние тоа го нарековме целосно неприфатливо. Не се само наши барања ЗСО да нема извршни овластувања, тоа е и став на САД и ЕУ“, кажа Зулфај.

Курти, пак, на Твитер објави своја визија на статутот на Заедницата на српски општини која, според него, треба да биде „нетериторијален проект“ и да ги признава „уставните карактеристики на Косово“.

Визијата на Курти за ЗСО промовира „нетериторијален проект“ со кој „сите Срби на Косово ќе бидат функционално претставени во согласност со принципот на недискриминација и еднаквост пред законот“.

Врз основа на тој принцип, за кој наведува дека е во согласност со косовскиот устав, Курти тврди дека сите Срби можат да го остваруваат правото на слободно здружување за одбрана или залагања за политички, национални, културни, социјални и економски права и цели.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ