вторник, 22 октомври 2024
Детали за трагедијата кај Галичица

Сопружници на возраст од 59 и 56 години се загинатите кои со автомобил паднаа во провалија

Сопружници на возраст од 59 и 56 години се загинатите кои вчера со автомобил се превртеа во провалија длабока 200 метри на Галичица. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека со помош на параглајдеристи е најдено возилото фолксваген голф кое падна во длабоката провалија. Синот на загинатите пријавил дека тие во неделата заминале од дома околу 22 часот.

Објавено на

часот

Сподели

„На 17.06.2024 околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото“, соопштија од полицијата.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ