вторник, 22 октомври 2024
Не е познат идентитетот на загинатите, освен дека се работи за повозрасни лица

Две лица загинаа откако паднаа во провалија длабока 200 метри на Галичица

Две лица загинаа откако паднаа во провалија со автомобил на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото викано „Превој“, а возилото паднало во провалија длабока околу 100 до 200 метри.

Објавено на

часот

Сподели

Двете лица со автомобилот возеле на регионалниот пат Трпејца-Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“. Засега не е познат идентитетот на загинатите, освен дека се работи за повозрасни лица.

Екипа на МВР Охрид Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата, велат од Центарот за управување со кризи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ