недела, 14 јули 2024

Сообраќајот кај Делчево се одвива наизменично, сѐ уште се работи на целосно санирање на магистралата

Објавено на

часот

Сподели

По претходно санирање на штетите на патот од невремето во Делчево, утрово патот е приспособен и пуштен за сообраќај за сите видови возила.

Како што истакнаа од подружницата на Македонија Пат, санацијата продолжува и наредните денови со цел целосно нормализирање на сообраќајот на магистралата А3 кај Делчево.

Минатата недела, невреме со пороен дожд, врнежи од град и грмежи ги зафати Делчево и околните населени места. Поплавени беа повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и на  улицата Индустриска. Поголем дел од градот остана без струја и беше прогласена елементарна непогода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ