недела, 27 октомври 2024

Сообраќајна несреќа откри дека се превезувале мигранти, дел побегнале заедно со возачот

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера, околу 8 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ауди а8 со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило фолксваген туран со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од с.Пиперово, струмичко.

По незгодата, возачот на возилото ауди и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, а возилото ауди било одземено. Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото фолксваген туран и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Фото илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ