понеделник, 28 октомври 2024

Сообраќајка го прекина сообраќајот на патот Струмица – Костурино

Сообраќајот е во целосен прекин утрово од 6.30 часот на регионалниот пат Струмица – село Костурино, во близина на „Македонска куќа“, поради сообраќајна несреќа, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

АМСМ известува и дека поради одрон на патот меѓу селата Извор и Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Од вчера е изменет и режимот на сообраќај на патниот правец Скопје – Катланово поради  градежни работи за проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово.

Наместо по десната коловозна лента, како што беше досега,  сообраќајот е изменет и ќе се одвива во левата коловозна лента, во двата правца

Според утринскиот извештај на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ