недела, 9 март 2025

Сончево време со високи температури

Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 17 до 23 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до утре ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ