Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во следните два дена ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд во среда. Потоа продолжува периодот на стабилно и суво време со пониски дневни температури.