понеделник, 21 октомври 2024
Совет на обвинители

Соња Симовска е именувана за в.д. државен обвинител

Советот на јавни обвинители на денешната седница ја избра обвинителката Соња Симовска од државното Јавно обвинителство за вршител на функцијата главефн државен обвинител, до завршување на изборот за нов државен обвинител. За избор на главен државен обвинител, за наследник на Љубомир Јовески, чиј мандат истекува в понеделник, Советот има рок од 15 дена да даде мислење за кандидатите за таа функција, Фатиме Фетаи, Лидија Рајичевиќ и Љупчо Коцевски, потврди претседателката Душица Димитриеска и нагласи дека Советот по разгледување на барањето ќе го испочитува рокот и ќе го даде мислењето до Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Барањето за давање на мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител е пристигнато во Советот на јавните обвинители.

„Рокот што е определен по закон е 15 дена за Советот да даде образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за секој од кандидатите кои се пријавени и кои ги исполнуваат условите согласно со закон“, изјави Димитриеска по денешната седница на Советот. 

Собранието на Македонија го објави огласот на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител.

Владата, на седница на 19 декември донесе одлука да достави писмо до Советот на јавни обвинители со барање за писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Македонија.

д

Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител на Република Северна Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието. Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ