четврток, 31 октомври 2024

Софија е незадоволна од коментарите на македонските политичари за Бугарија

Бугарското Министерство за надворешни работи ја повика македонската амбасадорка Агнеса Руси-Поповска во Софија поради обидите за инволвирање на билатералните односи во внатрешно политичките дебати во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

МНР на Бугарија соопшти дека амбасадорот на Македонија е повикан поради неодамнешните јавни коментари и невистинити тврдења во врска со Бугарија, дадени од македонски политичари, пренесува бугарската новинска агенција БTA. 

Министерството за надворешни работи цврсто се противи на обидот повторно да се вклучат Бугарија и билатералните врски во внатрешната политичка дебата во Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања, соопшти МНР инистерството.

„Бугарија постојано одржува конструктивен дијалог и се воздржува од коментари за постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Бугарија го прави ова со разбирање дека треба да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес, како и мирна јавна средина за потребните реформи да се спроведат.

Ја повикуваме политичката елита во Северна Македонија да ја покаже потребната зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот постигнат во 2022 година и строго да го почитува Договорот за пријателство од 2017 година.

Добрососедство и соработка. Тоа е единствената опција за постигнување вистински напредок во процесот на евроинтеграциите на земјата во корист на нејзините граѓани“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ