петок, 15 ноември 2024

Софија дозволи прелет за Лавров, но не и за Захарова

Објавено на

часот

Сподели

Зборуваме не само за глупост, туку за опасна глупост на некој шегаџија од бугарските власти, напиша Захарова.

Иако бугарските власти најпрво го дозволија прелетот на рускиот авион со Лавров над нивна територија за негово учество на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, тоа сепак не се случи. Причината била присуството на Марија Захарова во авионот. Дозволата била дадена за министерот за надворешни работи на Русија, но не и за портпаролката на руското МНР, јавуваат руските медиуми. Таа е на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ, образложиле бугарските власти.

Факт е дека правилата за воздушниот сообраќај се регулирани со Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година. Таа пропишува територијата на една држава да се разбере како ‘копнени територии и соседни територијални води’. Воздушниот простор не е вклучен во терминот ‘територија’. Во оваа смисла, ефектот од незаконските санкции на Европската Унија не може да се прошири на непрекинат лет на авион на лице на кое му е забранет влез на територијата на државата“, напиша Захарова на Телеграм.

Според неа, за првпат во историјата, државни органи забраниле лице во авион, а не авион, бидејќи, според белешката од бугарското дипломатско одделение, на авионот на руското МНР му беше дозволено да прелета.

„Кој им даде право на неписмени функционери во Софија да го срамат бугарскиот народ? Инаку, веќе сме во Скопје“, напиша Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ