четврток, 24 октомври 2024
Остра реакција на опозицијата на пресот на државниот секретар во МЗШВ

Социјалистите и ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Димковски да ги преиспита своите редови за злоупотреба на европски пари

Објавено на

часот

Сподели

За да биде јавноста целосно информирана, а и како дополнителна едукација за кадрите на СДС напоменуваме дека при проекти на ИПА, корисник е државата, односно соодветните министерства, од една страна, а од друга Министерството за финансии (МФ). За потребите на МЗШВ во 2015 година набавен е софтвер каде што потписник е ЦФСД (Централно финансирање и склучување на договори) при МФ. Комисија во мешовит состав го избира најповолниот понудувач, а контрола на целокупната постапка врши Делегацијата на ЕУ. Откако е изработен софтверот истиот како готов производ е даден во МЗШВ, при што е заклучено дека софтверот е неупотреблив за првилнатата намена за која требало да биде изработен. Токму тоа го констатира и ОЛАФ. Меѓутоа СДС го премолчува суштинскиот факт за исплатата на средствата која е извршена во 2018 година.  Затоа се поставува прашањето, како е извршена исплата од раководството на МЗШВ во 2018 за неупотреблив софтвер? Тоа значи дека финансиските средства ги исплатил Љупчо Николовски, министер на СДС. Тогаш каде е вината на ресорниот министер за земјоделство Цветков, во 2015 година кого во повеќе наврати го споменувате на прес конференциите? Дали се обративте до делегацијата на ЕУ, како контролор на процесот? Кое било влијанието при избор на најповолниот понудувач за сега да го посочувате тогашното раководство како криминогено кога вие самите сте потинати во корупција и криминал од невидени димензии? Соочени сте со сериозен криминал! Вие тоа го знаете, а ОЛАФ во моментот го користите како параван за прикривање на вашите злодела. СПМ уште еднаш ги повикува институциите да го истражат овој, но и преостанатите 3 случаи за кои е вршена истрага во 2022 година.  СПМ ги уверува граѓаните дека одговорност ќе има и од тоа нема да се отстапи“, реагираат од СПМ.

Цветан Трипуновски, претседател на републичка комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук праша „кој го лизна Трајан Димковски да држи прес конференции за криминал во МЗШВ и да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ?“

„СДС е на власт 6 години и е најодговорна за сиот криминал во државата. СДС е на власт 6 години и без нивен амин не може да се спроведи ниту еден криминал. Владата на СДС е криминална влада а за тоа стига потврда и од меѓународните претставници кои велат дека СДС има најслаба борба со корупцијата, а ОЛАФ за периодот од 2018 -2023 година води 18 истраги за можни злоупотреби на европските фондови во Македонија. Европската агенција спровела 4 истраги за злоупотреба на европските пари, од кои 3 се завршени со препораки , а 4-тата е без епилог. Трајан треба да го повика Љупчо Николовски што констатирала ОЛАФ во овие 3 истраги? За тоа кој каков е, најдобро ќе кажат граѓаните и земјоделците на изборите од кои СДС бега како ѓавол од крст.  Да сте толку исправни како што се презентирате, ќе излезевте на избори и пред земјоделците ќе ја побаравте нивната поддршка. Но, знаете дека немате веќе никаква поддршка и дека сте прочитана книга. А, на Трајан би му препорачал, да се скрие да не се брука вака и да не го брани криминалот на СДС, бидејќи одговорност ќе следи за секој кој се огрешил пред законите“, напиша Трипуновски на фејсбук.

Претходно денеска на прес конференција државниот секретар во МЗШВ, Трајан Димковски обвини дека во министерството се злоупотребени пари од ИПАРД за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ