сабота, 20 јули 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

„Социјалистичка зора“ како светилник на патот кон иднината

Тој весник кој на почетокот излегува трипати неделно, а потоа од јуни 1920 година како дневен весник, е орган на Социјалистичката работничка партија (комунисти) за Македонија. Весникот периодично излегувал и на турски јазик.

Дел од Македонија како што е познато, како ново-освоена српска територија по балканските војни станува составен дел на новосоздаденото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците и за жал од многу објективни, а богами уште повеќе од субјективни причини не успеала да го искористи своето право на самоопределување како што тоа го артикулирал и промовирал тогашниот американскиот претседател Вудроу Вилсон (Woodrow Wilson) при прекројувањето на картата на Европа. Европска буржоазија бранејќи ги своите себични интереси во борбата за капитал и профит, во отсуство на каков било хуман хоризонт, не оставила простор за Македонците, за да можат и тие да се остварат и да се само реализираат како колективен ентитет и да имаат своја држава.

Единствени кои во тој период се борат за економска социјална и национална правда и слобода на тогашната работничка класа и кои истовремено со тоа ги бранат и националните интереси на Македонците, се луѓето организирани околу Социјалистичката работничка партија, која е формирана на основачкиот конгрес одржан од 20 до 23 април 1919 година во Белград и која во јуни 1920 година на својот конгрес во Вуковар го менува името и прераснува во КПЈ.

На странците на „Социјалистичка зора“, кои денес преставуваат драгоцени документи, можат да се видат и да се прочитаат многу нешта од непроценлива вредност, кои говорат а и сведочат за беспоштедната борба на работничкото движење во Македонија, и за борбата на Македонците за своите социјални и национални права и за нивната борба против безочната експлоатација од страна на тогашната буржоазија, но и за борбата против безочното шовинистичко посегање по неа од страна на бугарските и српските „комитаџии“ насилници.

Сите тие разборити активности, во контекст на тоа што се случува денес во „слободна“ и „независна“ Македонија, можат да послужат за извлекување корисни паралели и како инспиративен пример во борбата за самоодбрана од дрскиот налет на современата буржоазија и неонацизмот кој повторно маршира низ Европа и разорно го претвора во пепел и она малку хумано меѓу луѓето што остана на рушевина на некогашна Југославија.

Од сето тоа богато сведоштво што на страниците на „Социјалистичка зора“ јасно и прецизно говори и ги побива заблудите на бугарските неонацисти, кои со години упорно ја негираат македонската самобитност и посебност, односно од тие документи кои ги разобличуваат бугарскита агресивни лаги, за потребите на овој напис ќе одвоиме само неколку.

Така, на страниците на овој мал весник, но кој и денес има голема вредност за Македонија и Македонците на повеќе места може јасно  да се види и да се прочита дека југословенските и македонските комунисти знаеле, дека биле свесни дека постои македонски народ, дека постојат Македонци, дека постои осознаен македонски народ и дека тие, комунистите, така и ги нарекувале… Македонци, македонски народ, 

Така на пример по нерегуларните општински избори од август 1920 година на самиот почетокот на септември на насловната страница на „Социјалистичка зора“ се појавува  насловот: „За кого гласаа Македонците“.

ц

Исто така нешто подоцна на крајот на октомври по големата победа на македонските комунисти на општинските избори кога, од сите страни пристигнуваат честитки и кога низ кралството СХС се говори за „Црвено Скопје“, истовремено може да се прочитаат наслови како што се „Да живее црвено Скопје“ или пак „Македонски комуни“ или пак информацијата дека како кандидат на КПЈ од Македонија за парламентарните избори во Кралството на СХС е предложен членот на КПЈ Панко Брашнаров, подоцна македонски партизан во НОВ на Македонија и потпретседател на президиумот на Првото заседание на АСНОМ.

ц

Веројатно некого денес ќе го изненади фактот дека македонските комунисти 1920 година биле многу подалекувиди, поумни, похрабри и послободни од денешните безрбетни политичари во Македонија кои од страв да не ги изгубат своите лукративни привилегии  се плашат и да помислат на придавката македонски, а камо ли да ја изговорат и да ја употребуваат. 

ц

Исто така од посебен интерес за Македонците е фактот кој ни го посочува весникот „Социјалистичка зора“, дека на 17 октомври 1920 година во Велес е одржан голем митинг на кој присуствуваат повеќе од 3.000 граѓани. За тоа време за малиот град Велес тоа веројатно пртеставувало еквивалент на некои денешни собири со 30.000 илјади граѓани.

ц

На тој митинг донесена е резолуција која повикува на борба против теророт на буржоазијата. Во неа јасно може да се прочита дека меѓу другото се вели:

„А. „Се повикува македонскиот народ да оневозможи секаква  комитаџиска акција, да се солидаризира со југословенските народи во нивната борба за ослободување на работниот народ од капиталистичко ропство стапувајќи под знамето на Комунистичката партија.

Б. Им се става на знаење на сите водачи на бугарската шовинистичка пропаганда дека македонскиот народ се освестил и дека нема да биде маша во рацете на реакционерите и народните експлоататори. Македонскиот народ е против братоубиствен колеж. Тој е за борба што го води пролетеријатот од целиот свет за своето ослободување.

В. Од југословенската влада се бара да ги забрани српските комитаџиски чети…“

ц

И сето тоа што го читаме и гледаме на странците на „Социјалистичка зора“ од 1920 година, се случува далеку пред појавувањето на првиот Македонски буквар, познатиот „Абецедар“,  во Атина 1925 година и цели 14 години пред познатата Декларација на Коминтерната за Македонија од 1934 година, кои ги доведуваат бугарските неонацисти до лудило, затоа што во нивниот концепт на параноично општествено уредување нема место  за ништо различно, нема место за ништо хумано освен прогон на оние што се поинакви од нив. Од тогаш, па сѐ до денес нема ни грам хуманизирање во нивниот светоглед. Ни грам цивилизациско померување во нивниот закоравено затворен ментален склоп. Шовинисти тогаш, па нацисти после, па сталинисти до вчера, па пак нацисти и шовинисти денес.

Сите овие примери од 1920 година, а и оние од подоцна од АСНОМ до 1991, ги обврзуваат сите Македонци без разлика на нивните идеолошки и религиозни уверување и определби, да се однесуваат достоинствено и хумано кон себе и кон придобивките и високите цивилизациски достигнувања што им ги оставиле генерациите пред нив во наследство, и кои слободата на Македонија  ја платиле со своите животи.

Никој нема право, а најмалку имаат право оние корисни идиоти во македонското Собрание да го отвораат Уставот и против волјата на огромното мнозинство на   македонските граѓани, насилнотда ги внесуваат во него бугарските неонацисти и неосталинисти. 

Таквата постапка не е врата кон ЕУ, туку ништо друго освен внесување разорна бомба со продолжено дејство, која за две години ќе ја разори Македонија и тоа ќе биде нејзин крај.

 

                                                                                                                                         Наум Пановски

КОЛУМНИ

Шанг-Јин Веи

Дaли обидот за атентат ќе му донесе победа на Трамп?

Ристо Цицонков

Кaков систем за климатизација да се одбере?

Бојана Јовановска

До каде сме со (анти)родовите политики?

Рајко Пеколски

За дупките

Димитар Љоровски Вамваковски

Појавата на македонскиот протонационализам: Патот кон создавање на македонската национална посебност

Бранко Азески

Азески и Мицкоски со директна поддршка за компаниите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ