понеделник, 25 ноември 2024

Социјалистичка партија: Иницијативите на ДУИ се антидржавни

Социјалистичката партија на Македонија ги оценува иницијативте на ДУИ за ангажирање странски експерт што би понудил платформа за промени на државата како антидржавна политика спротивна на Уставот и Рамковниот договор.

Објавено на

часот

Сподели

„ДУИ со СДС направија непростивни предавства и злодела кон македонската држава и народ и затоа беа казнети на изборите. Тие не сакаат да ја прифатат вољата на народот да бидат опозиција и се обидуваат со пазарење за етнички поделби и територијален раздор да извлечат некаква корист.

Ваквите приватни иницијативи на ДУИ се веќе видена работа и не треба да се толкуваат поинаку освен како прикривање на криминалните активности на кои се потврдени во досегашното владеење и за кои мора да одговараат.

Вонинституционалното дејствување на ДУИ е спротивно на демократијата и интересот на граѓаните кои се згрозени од рекетарскиот и криминален настап за етнички поделби и конфликти.

ДУИ ако не е во власта се обидува да ја сруши унитарноста на државата по етнички и територијален принцип спротивно на Уставот што е криминално однесување. ДУИ не го интересираат ни Албанците, ниту пак Македонците, туку само интересите на криминалната партиска врхушка.

Ги повикуваме надлежните институции да постапуваат според Уставот, законите и меѓународното право и да не дозволуваат замешателства и креирање на кризи во државата од било кого“, се вели во соопштението на Социјалистичката партија на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ