четврток, 31 октомври 2024
Парламентот му врати на ЗНМ

Собранието останува отворено за медиумите, тврди претседателот Митрески

Во врска со загриженоста што Здружението на новинарите (ЗНМ) ја изрази и во допис до Кабинетот на претседателот на Собранието, но и преку медиумите, а во однос на седницата што се одржа вчера на која беше избрана техничката Влада, ве информираме дека не станува збор за привилегиран однос на Собранието кон одредени новинари, ниту за непринципиелен третман кон новинарите и медиумските работници од домашните медиуми, информираа денеска од Кабинетот на претседателот на Собранието откако ЗНМ реагираше дека странски новинари имале привелегиран третман.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да истакнеме дека, поради зголемениот интерес на претставници од домашните, но и од странски медиуми, кои уредно беа акредитирани до 26 јануари годинава, беше увидено дека интересот за следење на пленарната седница е значително зголемен во однос на вообичаената пракса, поради што го ставивме на располагање целиот капацитет на галеријата. Ве уверуваме дека Собранието останува институција отворена за граѓаните, но и за претставниците на медиумите со кои и досега сме имале конструктивна и плодна соработка, во интерес на нанавремено и доследно информирање на граѓаните и таа соработка во иднина ќе се продлабочува“, пишува во одговорот на Собранието до ЗНМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ