За усвојување на резолуцијата гласаа 41 пратеник за, а еден против, пренесува подгорички Вијести. Немаше воздржани.
При гласањето, пратениците на опозициските партии ја напуштија салата.
Претседателот на собранието Андрија Мандиќ кажа дека е горд што е резолуцијата усвоена.
„Ова е резултат на наш договор и наша идеја. Никој во ова не се мешал од страна. Би сакал моите сонародници од Белград и Бања Лука на Петровден да ги пречекаме во Црна Гора, братски да се поздравиме и да кажеме дека сме еден сериозен народ и дека овој регион има иднина“, кажа Мандиќ.
На Резолуцијата веднаш реагираше Хрватска: „Министерството за надворешни и европски работи жали што Црна Гора одлучи да ги занемари повиците ан Република Хрватска да не се политизираат жртвите на Јасеновац и да не повлекува потези кои на негативен начин може да се одразат врз нашите билатерални односи и европскиот пат на Црна Гора“.
Официјален Загреб се закани дека Хрватска го задржува правото да одговори на соодветен начин.