вторник, 22 октомври 2024
Голем пожар

Со три авиони и еден хеликоптер ќе се гаси пожарот кај Соколарци

Објавено на

часот

Сподели

„Три екипи на ТППЕ Кочани итно се упатени на терен, а повикани се и екипи на Доброволното противпожарно друштво Кочани.  Просторот кој го зафаќа пожарот е над 50 хектари и во моментот се движи во правец на селото Рајчица, во дел на непристапен широк шумски појас“, информира ЦУК.

„На терен сме со две возила и десет пожарникари волонтери како поддршка на професионалните пожарникари од Територијалната противпожарна единица, кои дојдоа со три возила. Пожарот зафатил поголема површина, а со оглед на стрмниот и тешко пристапен терен, интервенцијата е отежната. Пламените јазици се и во околината на спомен паркот Свиланово, а во моментот наш приоритет е да спречиме нивно проширување кон помошни земјоделски објекти, како и во околината на манастирот Св. Ѓорѓи кај селото Соколарци“, истакна Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ