Како што информираат организаторите, обраќања на настанот ќе имаат Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на народниот правобранител и Барбара Лигл, раководителка на компонентата 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ има за цел зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Проектот е дизајниран да ги поддржи релевантните институции кои работат на полето на правдата, организиран криминал, борба против корупција и промоција и заштитата на основни и човекови права за подобрување на нивните капацитети, ефективност и влијание.
Проектот е целосно финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Лудвиг Болцман Геселшафт – Институтот за основни и човекови права (LBI-GMR), Министерството за внатрешни работи на Република Словенија (МВР), Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска (МПЈА) и Центарот за меѓународна правна соработка (CILC). Времетраењето на проектот е 42 месеци, со буџет од 10,25 милиони евра.