вторник, 22 октомври 2024

Со месеци гори градската депонија, во Кочани вечерва ќе се протестира

Дишеме екстремно загаден воздух затоа што градската депонија со месеци гори, велат граѓани на Кочани и најавуваат за вечерва протест во градот.

Објавено на

часот

Сподели

„Градската депонија кај село Бели со месеци гори, кочанчани дишаат екстремно загаден воздух збогатен со канцерогени честички. Тоа претставува голема опасност по здравјето на сите што живеат во Кочанската котлина и пошироко. Ги повикуваме сите засегнати граѓани да ни се придружат во битката за чист воздух, за чиста и здрава животна околина, за нашите деца, вечерва во 19 часот, на кружниот тек кај Спортисимо“, се вели во повикот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ