петок, 22 ноември 2024

Со медиокоптер пациент од Скопје транспортиран на лекување во Австрија (ВИДЕО)

За прв пат со медиокоптер од Македонија во странство е транспортиран пациент. За да го одбележат овој настан, како што велат од МВР, прв „во историјата на соверемената македонска држава“, пациентот го испратија дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на  Градската општа болница 8 Септември, д-р. Христијан Костов.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа наша хумана мисија  не само што ја демонстрира кооперативноста на министерствата за внатрешни работи и за здравство кон подобрување на услугите за граѓаните, туку и го потенцира значењето на интеграцијата на модерните технологии и ресурси во спасувачките и медицинските операции”, рече Бојамацалиев и додаде дека употребата на медикоптерот претставува значаен напредок во националната способност да се пружи итна медицинска помош.

Тој особено ѝ се заблагодари на Владата на Словенија која обеззбедила дел од медицинската опрема”, рече Бојмацалиев.

„По интензивни договори, болницата набави и вгради најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт. Заедно со Министерството за внатрешни работи ја утврдивме медицинската и безбедносната маршута на движење на медикоптерот, со цел безбедно пристигнување на нашиот пациент во придружба на искусен медицински тим за интензивно лекување до Клиниката во Виена“, рече директорот на болницата, д-р Костов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ