Полициски службеници забележале како во возилото крајслер со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, влегуваат група мигранти. Возилото било сопрено и во негова близина биле пронајдени девет лица мигранти од Иран, кои претходно излегле од возилото.
Мигрантите билe пренесени во прифатно– транзитен центар во Гевгелија, а А.Б. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по член 418 – б криумчарење мигранти од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка на А.Б. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.