среда, 6 ноември 2024

Со изборот на дополнителните заменици министри комплетирана владата на Џафери

Собранието попладнево, на посебна седница, ги избра замениците министри и дополнителните заменици министри во техничката влада.  Со тоа е комплетиран составот на техничката влада на чело со Талат  Џафери која ќе функционира сѐ до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници закажани за 8 мај и до изборот на новата политичка влада.  Собранието претходно на денешната 141. седница со 65 гласа „за“ и тројца „против“ ја изгласа техничката влада предводена од Талат Џафери.

Објавено на

часот

Сподели

Долнителен заменик-министер за внатрешни работи од СДСМ е Митко Бојмацалиев, а дополнителен заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика е досегашната министерка Јованка Тренчевска.

Дополнителен заменик министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ е Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски исто така од ВМРО-ДПМНЕ, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски од истата опозициска партија.

Со изборот на дополнителните заменици министри се комплетира составот на техничката Влада.

Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај. Две недели претходно ќе се одржат претседателските избори.

Мандатот на преодната Влада трае од изборот, сѐ до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници и изборот на новата политичка влада.

Ова е трета преодна или техничка влада од 2016 година наваму. Премиер на техничката влада во 2016 година беше Емил Димитриев, додека, во 2020 година беше Оливер Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ