петок, 13 декември 2024

Зеленски: Севернокорејските војници во Русија се дополнителна нестабилност во светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека првите судири на украинските трупи со севернокорејски војници го отвораат патот кон дополнителна нестабилност во светот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Првите битки со севернокорејските војници отворија ново поглавје на нестабилноста во светот“, кажа украинскиот претседател.

Министерот за одбрана Рустем Умеров исто така, во разговор за јужнокорејска телевизија, го потврди судирот на украинските и севернокорејските сили.

Украинската разузнавачка служба тврди дека во Русија стигнале околу 12.000 севернокорејски војници, вклучувајќи 500 офицери и три генерали, а дека увежбувањето се одржува во пет воени бази.

Зеленски го критикуваше Западот што не ѝ одговорил на Русија за вклучувањето на севернокорејските војници во конфликтот.

Западните лидери наводното присуство на севернокорејски војници во Русија го нарекоа голема ескалација, но не одговорија со мерки.

„Првите илјади војници се наоѓаат во близина на украинската граница. Украинците ќе бидат присилени да се бранат против нив“, кажа Зеленски претходно. „А светот повторно само ќе гледа“.

„Наместо да ни го испорачаат неопходното оружје со долг дострел, Америка гледа, Британија гледа, Германија гледа“, кажа украинскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ