среда, 4 декември 2024

Нетанјаху го смени министерот за одбрана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смени министерот за одбрана Јоав Галант со објаснување дека нема доверба во него поради начинот на кои ги водел израелските воени операции. Нетанјаху за негов наследник го именуваше министерот за надворешни работи Израел Кац, а Гидеон Саар ќе биде новиот шеф на дипломатијата, соопшти кабинетот на премиерот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На врвот на војната, повеќе од кога е потребна доверба меѓу премиерот и неговиот министер за одбрана, но во последните месеци таа доверба ослаби“, вели Нетанјаху во писмото до Галант, додавајќи дека „одлучил да го именува Израел Кац за негов наследник“. Јоав Галант на социјалната мрежа Икс одговори дека „безбедноста на Израел била и ќе остане неговата животна мисија“.

Галант во јули повика на отворање државна истрага за пропустите во врска со упадот на Хамас на 7 октомври 2023, кажувајќи дека треба да се истражат и тој самиот и неговиот шеф, премиерот Бенјамин Нетанјаху. Министерот тоа го искоментира на доделување дипломи на нови офицери, на кое присуствуваше и Нетанјаху, чија коалиција е разнишана од внатрешни судири.

Нетанјаху претходно ги отфрли повиците да се спроведе државна истрага за упадот од 7 октомври по кој почна израелската офанзива на Газа, оценувајќи дека истрага треба да се спроведе откако ќе заврши војната. Само владата може да одлучи за формирање државна истражна комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ