вторник, 3 декември 2024

Меџити: Барањето предвремени избори е пинг-понг надмудрување

Дневна политика и пинг-понг надмудрување, го нарече вечерва првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити предлогот на Али Ахмети за предвремени парламентарни избори. Тој најави нови 50 милиони евра, кредит од Европската инвестиициска банка (ЕИБ), кои биле обезбедени, но не и искористени, а кои ќе им бидат на располагање на општините.

Објавено на

часот

Сподели

Како што оцени Меџити во гостување на Сител, не може ако опозицијата бара, уште утре да се организираат избори. Владата е стабилна, а освен што е двотретинско, мнозиството се зголемува и ќе достигне 80 пратеници.

Според Меџити, полека, но сигурно Европскиот фронт почнува да се расцепкува.

„Имаме стабилна Влада. Која е логиката да одиме на нови избори? Расте мнозинството, за некој ден ќе дојде на 80, има двотретинско мнозинство, Владата има програма, сме се нафатиле да работиме. Не гледам никаква смисла да отвориме тема за избори. Ги сфаќам и Ахмети и ДУИ, сакаат да го задржат членството. Прво му рекоа за месец, па за два ќе се вратат во Влада, па ќе имало протести, па најавуваа средби со граѓани, со народот, а се вртат во структурата истите луѓе. Само сакаат да ги залажат дека ќе се вратат скоро во Влада и да ги задржат во своите редови, да не им избегаат. Мислам дека немаат политичка кауза или нешто неочекувано што може да предизвика да одиме на предвремени избори. Има стабилна влада и ќе одиме со реализација на ветеното, а кога ќе дојде време, ќе одиме на избори“, рече првиот вицепремиер.

Според него, не е во интерес на граѓаните често да има избори.

„Тоа значи шест месеци пред и по изборите запирање на сите процедури, за вработување, отворање тендери, реализирање проекти на општините, влијание врз одлуките на бизнисиот“,…, потенцира Меџити.

На прашањето дали Вреди се плаши да оди на избори, тој повтори дека ако се сите за избори, и тие ќе бидат.

„Нека одлучат, утре ќе одиме на избори. Само кажувам политички аргументи кои држат во моментов. Ако се сите за избори и ние ќе сме. Но, ова е дневна политика, пинг-понг надмудрување, некој се плаши,.. Не може сега како опозиција кога ќе им текне, ние утре да им организираме избори“, истакна првиот вицепремиер .

Во врска со коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ, рече дека „едни одат лево, други десно“.

„Полека, но сигурно Европскиот фронт почнува да се расцепкува, едни лево, други десно, активностите ги прават поединечно, ДУИ на една страна, ДПА не знам каде, Алијанса на друга страна, на пресови се поделени и кога излегуваат во јавност не знаат како да се кажат, дали како Европски фронт или како политички партии“, рече Меџити.

Тој најави нови 50 милиони евра, кредит од Европската инвестиициска банка (ЕИБ), кои биле обезбедени, но не и искористени, а кои ќе им бидат на располагање на општините. Во петок, како што рече Меџити, сите 80 градоначалници се поканети на средба со премиерот на која ќе бидат информирани за средствата.

Според министерот, се работи за средства кои се добиени во времето на претходната власт, но досега не се реализирани, а се неменети за еколошки проекти, за хортикултурно разубавување на општините и за подземна инфраструктура – какнализации, водоводи,…

„Со премиерот во петок ќе ги поканиме сите 80 градоначалници за нови 50 милиони евра од МЖСПП, кредит од Европката инвестисициска бана кој е порано добиен, но отккао дојдовме имаше нула реализација. Сега веќе седум милиони се процесуирани кај одредени општини, но за да го забрзаме процесот, ќе ги повикаме градоначалниците со премиерот, ќе ги информираме колку средства им припаѓаат, кои се условите, да достават проекти и им стоиме на располагање. Парите се веќе добиени, плаќаме и камата, но не се искористени. Реално, на 100-те милиони ги додаваме и овие за животна средина. Зависно колку ќе бидат агилни градоначалниците со доставување прокети, до мај можеме и целосно да го заокружиме процесот“, истакна Меџити.

Тој уште еднаш повтори дека Владата има утврдено методологија за поддршка на општините и не ги дели градоначлниците по политичка основа.

„Работиме за граѓаните, а тие сами ќе направат разлика кој како работи. Со сите 76 општини нема никаков проблем, а мешу нив има и опозициски, од ДУИ, СДСМ и други партии, само четири градоначници имаат проблем. Донесовме нова одлука да го пролонгираме огласот заради нив, за да ги добијат средствата. Струмица, на пример, аплицирала со проект кој е во тек. Сепак, мислам дека со добра комуникација и тоа ќе се реши, зашто и за Струмица се издвоени пари од 50-те милиони евра“, рече Меџити. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ