Од Филхармонијата најавуваат дека нивниот протест ќе продолжи сѐ до конечната промена на одлуката.
„Вработените во Филхармонија протестираат веќе три месеци, а Министерството за култура молчи и целосно ја игнорира нашата борба. Со игнорирање на проблемите не се намалува штетата, напротив уште повеќе се продлабочува. Со негирање и непочитување на најважните институции од културата, државата покажува каков е нејзиниот однос кон традицијата и трајните вредности создавани со децении од генерации уметници кои животот го оставиле на сцената“, пишува во денешното соопштение од Филхармонија.
Оттаму најавуваат дека протестите на вработените ќе продолжат и следната недела, пред Владата.